Испечати

Фаширани шницли и кремаст прилог

Фаширани шницли и кремаст прилог

Состојки

  • За прилогот
  • 1 кг компири
  • 2-3 моркови
  • 200 мл неутрална павлака за готвење
  • 1 лажичка мешан зачин
  • малку бибер
  • 2-3 лажици масло
  • За шницлите
  • 600 гр мешано мелено месо
  • 1 поголем кромид
  • 6 лажици лебни трошки
  • 100 мл млеко
  • 1 јајце
  • 1 рака сецкан магдонос
  • 1 лажичка мешан зачин
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка мајчина душичка
  • 1 чешне лук
  • малку масло
  • И уште...
  • 8 тенки, долги парчиња сланина
  • 8 парчиња кашкавал

Подготовка

Компирите и морковите излупете ги и исечкајте ги на тенки ливчиња. Зачинете ги и добро измешајте. Потоа ставете ги тава за печење (25х35 см), полијте ги со павлаката и ставете ги во загреана рерна на 220 степени.

Кромидот ситно исечкајте го и ставете го да се пржи на малку масло, на тивко околу 10-15 минути. Во меѓувреме потопете ги лебните трошки во млеко. Така омекнати додадете ги во месото. Потоа ставете ги и останатите состојки и пржениот кромид. Се добро измешајте и формирајте 8 еднакви подебели шницли. Секоја обвиткајте ја со парчето сланина и испржете ја на загреано масло од двете страни по 5 мин. Само колку да се запече.

По 30 минути печење извадете ги компирите и над нив наредете ги шницлите. Печете ги заедно уште 15-20 минути. Речиси готовото јадење извадете го од рерна и над секоја шницла ставете парче кашкавал и печете само уште колку да се стопи кашкавалот.

Вака спременото месо е сочно и вкусно, а компирот и морковите се кремасти и имаат попримено и вкус од месото. За малку време ќе спремите комплетен ручек, а освен тоа многу убаво изгледаат заедно послужени.