Подготовка
На почеток корите ги сечеме во три ленти. За формирање на триаголникот ни се потребни две правоаголни кори.
За филот ги матиме со миксер јајцата ги додаваме јогуртот, зејтинот и пецивото. Секој правоаголник го премачкуваме со филот. На почеток ставаме сирење и мотаме да добиеме триаголник.
Триаголниците ги редиме во тава за печење повторно со четка ги мачкаме со филот и посолуваме сусам. Печеме на 200степени триесетина минути додека не добијат убава златна боја.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани