1
фев
2021
Триаголници со праз и сланина(со готови кори)
1. Во сад измешајте ги газираната вода, маслото, брашното и квасецот. Корите поделете ги на половина. Секоја половина премачкајте ја со течноста со помош на четка, а потоа преклопете ги од едната, па на другата страна.
2. На крајот од кората ставете ролничка сланина и една лажица испржен праз, па замотајте во форма на триаголник. Наредете ги во тава за печење Одозгора премачкајте ги со преостанатата течност.
Печите на 200 степени околу 15 минути
На здравје
Лиценца: Сите права се задржани