Пита со урда, сланина и палента (со готови кори)
Лисната пита со вкусен фил, ја снема за час....Сите ја бендисаа, се надевам и на вас ќе ви се допадне...
Подготовка
1. Сланината ја сечкаме на ситни коцки и ја запржуваме. Оставаме да се лади, па ја соединуваме со урдата. Филот ќе го ставаме во питата во три дела.
2. Јајцата, маслото, палентата, јогуртот, солта и пецивото ги соединуваме со рачна маталка.
3. Корите ги сечеме онолку колку што ќе ни биде големо тавчето, може и малку поголеми, па кога ќе ги ставаме може малку и да ги згужваме. Остатокот ги растресуваме и ги ставаме во филот со јајца.
4. Корите ги броиме и ги делиме на 4 дела. Секоја кора ја премачкуваме со 3-4 лажици од смесата со јајца. Гледаме насекаде подеднакво да распоредиме од смесата и да ни стаса за сите кори.
5. На секоја четвртина кори ставаме од филот. Најгорната кора ја премачкуваме со смесата од јајца и наросуваме сусам.
6. Се пече на 200 степени 20-тина минути.
Забелешка
Користев пециво од 12 гр, такво беше пакувањето, ама мислам и 10 гр пециво дека ќе заврши работа. Можете во филот од питата да ставите сирење, јас имав урда и со неа филував. Кога се печеше ја покрив со хартија за печење, за да не ми загори. Бидејќи сакав повисока да ми биде ја редев во помало тавче.
Од филот со јајца имате доволно, така да убаво премачкувајте ги сите кори.