5
сеп
2016
Палента со сланина и сушен вргањ
Исечканиот вргањ го ставаме во водата која ја доведуваме до степен на вриење. Додека таа се загрева, ја сечкаме и упржуваме сланината. Кога водата ќе почне да врие(ставаме и 1 лажица маст) со мешање ја додаваме палентата kоја ја подготвуваме по упатството на ќесичката. Сол или мешан сув зачин ставаме на почетокот уште со печурките. Мешаме до дека да се свари палентата. На крајот ја ставаме сланината со маста која ја пуштила соединуваме и сервираме.