4
сеп
2019
Портокал бомбици со сушен ананас и мусли (посно)
Бомбици кои се лесни за правење, а вкусни и здрави за јадење...
Подготовка
1. На сувите смокви им ги острануваме дршките.
2. Портокалите ги цедиме и со сокот ги потопуваме урмите и смоквите, па ги оставаме
околу еден час да киснат.
3. Натура муслите ги мелеме во Нутрибулет. Додаваме рендана кора од портокал.
4. Омекнатите смокви и урми, заедно со сушениот ананас ги ставаме во чашка од
Нутрибулет, додаваме дел од сокот од портокал и ги мелеме.
5. Меленото суво овошје го соединуваме со мелените мусли.
6. Оставаме малку во фрижидер да упие смесата и се стегне, па формираме бомбици.
7. Во секоја бомбица ставаме парче сушен ананас