Како да си приготвите траен, а декоративен портокал со кој ќе може да си ги збогатите Новогодишните и Божиќните декорации? Многу лесно, а резултатот е одличен. Парчињата портокал приготвени на овој начин се трајни, а ќе видите и зошто.

Подготовка

1. Се сечат 2 портокали на парчиња со иста дебелина, околу 5 мм, Убаво е да користите алатка со кога ќе ги сечете парчињата прави и сите со иста дебелина. Ако портокалите се многу сочни, убаво е да ги избришете после сечењето со кујнска хартија.

2. Наредете ги на рамна тава обложена со хартија за печење и ставете ги околу 2 часа да се сушат на 100 степени. Одвреме на време превртувајте ги за да се сушат рамномерно од двете страни. Внимавајте да не ви загорат. Помалите парчиња побрзо се сушат, па можи први да бидат готови, нив извадете ги од тавата, а другите оставете ги да се досушат.

3. После успешното сушење, оставете ги преку ноќта да отстојат. Наредниот ден премачкајте ги од едната страна со лак за дрво и оставете ги да се исуши лакот. После еден или два дена, премачкајте ги и од другата страна.

Уживајте во вашите портокал декорации.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови