Портокал бомбици со сушен ананас и мусли (посно)
Состојки
- 100 гр Натура мусли со 90% житни снегулки
- 30 гр Натура сушен ананас
- 200 гр суви смокви
- 100-150 мл сок од цеден портокал
- 10 урми без семка
- кора од 1 портокал
- 15-20 парченца Натура сушен ананас за во бомбиците
- кокосови снегулки за валкање
Подготовка
Бомбици кои се лесни за правење, а вкусни и здрави за јадење...
Подготовка
1. На сувите смокви им ги острануваме дршките.
2. Портокалите ги цедиме и со сокот ги потопуваме урмите и смоквите, па ги оставаме
околу еден час да киснат.
3. Натура муслите ги мелеме во Нутрибулет. Додаваме рендана кора од портокал.
4. Омекнатите смокви и урми, заедно со сушениот ананас ги ставаме во чашка од
Нутрибулет, додаваме дел од сокот од портокал и ги мелеме.
5. Меленото суво овошје го соединуваме со мелените мусли.
6. Оставаме малку во фрижидер да упие смесата и се стегне, па формираме бомбици.
7. Во секоја бомбица ставаме парче сушен ананас