Бомбици кои се лесни за правење, а вкусни и здрави за јадење...

Подготовка
1. На сувите смокви им ги острануваме дршките.
2. Портокалите ги цедиме и со сокот ги потопуваме урмите и смоквите, па ги оставаме околу еден час да киснат.
3. Натура муслите ги мелеме во Нутрибулет. Додаваме рендана кора од портокал.
4. Омекнатите смокви и урми, заедно со сушениот ананас ги ставаме во чашка од Нутрибулет, додаваме дел од сокот од портокал и ги мелеме.
5. Меленото суво овошје го соединуваме со мелените мусли.
6. Оставаме малку во фрижидер да упие смесата и се стегне, па формираме бомбици.
7. Во секоја бомбица ставаме парче сушен ананас.

Забелешка
Муслите намерно не ги мелев до ситен прав, за да имааат парченца од составот низ бомбиците.
Сокот од портокал на почеток не го додаваме цел или пак тоа го правиме постепено.
Ако има потреба додавате сок или мелени мусли, во зависнот од тоа колку сакате да ви бидат влажни бомбиците.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани