Ова е оброк што го прави мојот сопруг, а кој на сите многу ни се допаѓа. Би го ставила во редот на едноставните, а сепак таканаречени домашни, македонски специјалитети.

Подготовка
Исечканиот вргањ го ставаме во водата која ја доведуваме до степен на вриење. Сол или мешан сув зачин ставаме на почетокот уште со печурките. Додека таа се загрева, ја сечкаме и упржуваме сланината во една лажица маст.
Кога водата ќе почне да врие со мешање ја додаваме палентата која ја подготвуваме по упатството на кесичката. Мешаме додека да се свари и згусне палентата.
На крајот ја ставаме сланината заедно со маста која ја пуштила, соединуваме и сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани