Тортиљи со зачинето пилешко и пченка
Најпрво сите зачини ставете ги во сецко или со блендер измешајте ги да се иситнат, да се добие смеса во прав. Потоа ставете ја во чинија.
Пилешките гради исечете ги на шницли но доколку користите готов пилешки стек исечете го на пола или исчукајте го со чекан за да небидат многу дебели.
Секое парче од месото, од двете страни истријте го со зачинот и ставете ги да се пржат на загреано масло додека омекне.
Кога е испржено месото исечете го на долгнавести парчиња.
Земете една тортиља малку загрејте ја во тава. Намачкајте ја со по 1-2 лажица крем сирење, ставите дел од месото и по 2 лажици пченка. Свиткајте ја од долната страна, а потоа од двете страни. И така со ред додека ги потрошите. Сега се спремни за јадење.
Наместо крем сирење може да систавите и густ јогурт или да си исецкате луто феферонче.
Лиценца: Сите права се задржани