Како предлог за Велигденската трпеза, Фичо ќе подготви печено јагнешко со поинакви зачини кои даваат многу вкусен резултат.

Подготовка

Чекор 1: Крупно исечкајте го кромидот и поставете го на дното на тавата за печење. Зеленчукот е подлога во тавата при печењето. Прелејте со маслиново масло.

Месото зачинете го како што го прави тоа Фичо во видеото.

Чекор 2: Печете во загреана рерна на 160 степени околу 60 минути.

Чекор 3: Сварете 500 грама лупени компири заедно со 3 чешниња лук. Со рачниот блендер испасирајте ги додека не добиете фина структура на пирето.

Додадете 150 грама путер и мешајте со шпатула, додека не се растопи пирето.

Пирето е готово.

Чекор 4: Сервирајте!

СОВЕТ: Овие зачини се можеби невообичаени за нашето поднебје, но пробајте ги и кажете ни ги вашите впечатоци.