Видео рецепт: Зачинето печено јагнешко
Состојки
- јагнешки бут
- неколку парчиња цимет стапчиња
- црвен пипер
- 1/2 лажичка рендано морско оревче
- 1/2 лажичка чили
- 1 лажичка мајчина душичка
- малку цимет
- сув рузмарин
- сол и бибер
- 1 кромид
- 1 лук
- малку зеленчук
- 500 гр. компири
- малку лук
- 150 гр. путер
Како предлог за Велигденската трпеза, Фичо ќе подготви печено јагнешко со поинакви зачини кои даваат многу вкусен резултат.
Подготовка
Чекор 1: Крупно исечкајте го кромидот и поставете го на дното на тавата за печење. Зеленчукот е подлога во тавата при печењето. Прелејте со маслиново масло.
Месото зачинете го како што го прави тоа Фичо во видеото.
Чекор 2: Печете во загреана рерна на 160 степени околу 60 минути.
Чекор 3: Сварете 500 грама лупени компири заедно со 3 чешниња лук. Со рачниот блендер испасирајте ги додека не добиете фина структура на пирето.
Додадете 150 грама путер и мешајте со шпатула, додека не се растопи пирето.
Пирето е готово.
Чекор 4: Сервирајте!
СОВЕТ: Овие зачини се можеби невообичаени за нашето поднебје, но пробајте ги и кажете ни ги вашите впечатоци.