ПОДГОТОВКА НА ПАЛАЧИНКИТЕ
1. Џигерот се става да се обари околу половина час во вода (колку да биде залиен)
2. Додека џигерот се обарува, во блендер ги ставаме јајцата со млекото, солта, маслото,печивото и се блендира, а во ова подоцна се додава и обарениот џигер со онаа вода што останала при обарувањето. Се заедно се блендира во каша на која се додава брашното ( по потреба, да биде смесата малку погуста од јогурт)
3. Од оваа смеса се пржат палачинки, малку подебели од класичните (јас испеков 6 палачинки, но може и повеќе ако се потенки)
4. Откако ќе изладат палачинките, се редат една врз друга а притоа се премачкуваат со мајонез и се филуваат

ПОДГОТОВКА НА ФИЛОТ
1. Кромидот ситно се сечка
2. Морковот ситно се ренда
3. Кромидот и морковот се пропржуваат на малку масло и им се додава малку сол и мешан зачин

ФИЛУВАЊЕ НА СОЛЕНАТА ТОРТА
1. Се редат една по една и секоја се премачкува со мајонез
2. Врз мајонезот се става од филот, малку ситно сечкан магдонос и рендано варено јајце
3. Постапката се повторува до последната палачинка
4. На последната палачинка се става само мајонез и се декорира со рендано варено јајце и малку магдонос (значи не се става од филот најозгора)
5. Солената торта е поубава и повкусна кога ќе се остави да постои барем најмалку 2-3 часа, за палачинките да попримат од филот

........Пријатен апетит !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани