5
јун
2013
Торта со какао и рикота
Во длабок сад за матење ставете ја рикотата и шеќерот.
Изматете ги убаво со миксер.
Со непрекинато матење додајте ги јајцата.
Матете уште 5 минути, а потоа додајте го брашното измешано со пецивото.
Измешајте убаво со жица за матење и додајте го какаото и растопениот путер.
Уште еднаш изматете убаво со жица за да не останат грутчиња.
Смесата истурете ја во округол калап со обрач, премачкан со путер и набрашнет.
Печете на 180 степени, 30 минути.
Во меѓувреме на пареа растопете го чоколадото со малку масло.
Испечената и изладена торта премачкајте ја со растопената чоколада и послужете.
Лиценца: Сите права се задржани
Овие чоколадни парченца одозгора ме прават љубопитнауште од јубилејната торта да запрашам, дали ти ги правиш самата или пак се готов производ? Тогаш бев зафатена со честитање, па сега си прашувам ;)
Само,ако сакаш ќе ми кажеш што е тоа рикота?Дали е слично со маскарпоне?Однапред фала :)
Tortata super zvuci a i super izgleda:)
Odamna barav vakva struktura,pandispan a sepak socen,znaci mnogu ni se dopadna i nas i gostite, eve veke pak mi go zakaza za denovive.Kate ti blagodaram za receptot,voodusevena sum.