Торта со газирана вода и бисквити
Најпрво направете го филот.
Во длабок сад изматете го маргаринот со шеќерот и стопената чоколада.
Потоа додадете ги бисквитите и полека сипете од газираната вода и миксирајте со миксер. Кога ќе се добие убава креместа смеса оставете го настрана или во фрижидер. Во половина фил ставете сечкани лешници, а во другата кокос и убаво измешајте.
За кората.
Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее. на плех од рерна 40х30 см. ставете хартија за печење .
Оделете ги белките од жолчките.
Белките во длабок сад изматете ги со солта во мек снег,потоа лажица по лажица додавајте од шеќерот.
Матете додека се добие цврст снег. Потоа додајте ги останатите сосотјки и со лопатка убаво измешајте да се соедини.
Смесата излијте ја во плехот, ставете да се пече. Печете околу 15 мин. додека се испече убаво, само внимавјте да не го препечете.
Кога е готов извадете ги уште топол пресечете го на половина. Оставете го да се излади.
На тацна ставете ја едната кора, ставете го филот со лешници убаво измазнете, потоа ставете ги бисквитите натопени по малку во кафе, филот со кокос, кората, премачкајте ја тортата со останатиот фил и украсете со изматена слтака павлака.
Ставете ја тортата во фрижидер најмалку 2 часа или најдобро преку вечер. Сечете парчиња по желба. =)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Vo korata falat 5 jajca i 1/2 paketce prasok za pecivo i prstofat sol.
Vo filot :8 lazici seker,100 gr. stopena bela cokolada.
16-24 pravoagolni biskviti,50 ml. instant kafe,blago.
Sigurna sum deka gi napisav sosotojkite,izgleda problem e nesto od serverot,gi zamoluvam MoiRecepti da dodadat. :))