
3
апр
2012
Торта со бисквити и јаболка
Јаболката се лупат и се сецкаат на коцки. Се додава водата и се ставаат да се варат додека да омекнат. Се додава шеќерот. Пудинзите се раствараат со малку вода и се додаваат во смесата со јаболката да зоврие и да се згусне. Во правоаголна тава се ставаат два реда бисквити врз нив се тура смесата со јаболка и пудинг врела и се остава да се излади. Најзгора се страва изматената слатка павлака и се украсува по желба.
П.С. Може да се стави и пудинг од ванила подеднакво е вкусна тортата
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Се мислев дали можеби ќе бидат подобри пропржени...
Во секој случај супер рецепт, особено за лето :)