Испечати

Торта со бисквити и јаболка

Торта со бисквити и јаболка

Состојки

  • 1килограм Јаболка
  • 1,2 литри вода
  • 2 пудинзи од карамела
  • 200 гр. бисквити
  • 500мл. слатка павлака
  • 350 гр. шеќер

Подготовка

Јаболката се лупат и се сецкаат на коцки. Се додава водата и се ставаат да се варат додека да омекнат. Се додава шеќерот. Пудинзите се раствараат со малку вода и се додаваат во смесата со јаболката да зоврие и да се згусне. Во правоаголна тава се ставаат два реда бисквити врз нив се тура смесата со јаболка и пудинг врела и се остава да се излади. Најзгора се страва изматената слатка павлака и се украсува по желба.

П.С. Може да се стави и пудинг од ванила подеднакво е вкусна тортата