Торта која не се печи, лесна за подготовка.
Мене омилена, заради вкусот кој го добива од кокосот...)))

Пудингот се вари на стандарден начин.
Кога ќе се тргне од рингла се додава чоколадото и се меша додека се стопи. Се остава да излади со повремени промешувања.

Маргаринот убаво се изработува со шеќерот во прав.

Млакиот пудинг се додава во маргаринот и убаво матејќи со миксер се соединува.
Се додава кокосот, бисквитите кои сме ги искршиле на покрупни парчиња и бананите кои сме ги исецкале на што поситни парчиња. Изедначуваме мешајќи со лажица.
Сместата ја префрлуваме во калапи кои сме ги обложиле со најлонска фолија.(Видете на дополнителните фотографии.)

Ставаме во фрижидер на неколку часа убаво да ни се стегне тортата.

Потоа го отпревртуваме калапот на соодветна чинија.
Полеваме со глазура која сме ја подготвиле на следниов начин-чоколадото и слатката павлака ги соединуваме на тивок оган со постојани лесни мешања, без да проврие.Тргаме од оган, малку да здивни и полеваме.Можи дел да оставиме подполно да излади, па изматиме со миксер и дополнително украсиме, значи по желба.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани