Испечати

Торта Лејди Ди (без печење)

Торта Лејди Ди (без печење)

Состојки

  • За основа на тортата
  • 1л. млеко
  • 3 кесички ванилин шеќер
  • 3 пудинзи од ванила
  • 3 лажици нишесте
  • 200гр. бело чоколадо за готвење
  • 375гр. маргарин или путер
  • 350гр. шеќер во прав
  • 300гр. кокос
  • 300гр. бисквити
  • 1кг. банани
  • За глазура
  • 200гр. квалитетно црно чоколадо за готвење
  • 200мл. слатка павлака

Подготовка

Торта која не се печи, лесна за подготовка.
Мене омилена, заради вкусот кој го добива од кокосот...)))

Пудингот се вари на стандарден начин.
Кога ќе се тргне од рингла се додава чоколадото и се меша додека се стопи. Се остава да излади со повремени промешувања.

Маргаринот убаво се изработува со шеќерот во прав.

Млакиот пудинг се додава во маргаринот и убаво матејќи со миксер се соединува.
Се додава кокосот, бисквитите кои сме ги искршиле на покрупни парчиња и бананите кои сме ги исецкале на што поситни парчиња. Изедначуваме мешајќи со лажица.
Сместата ја префрлуваме во калапи кои сме ги обложиле со најлонска фолија.(Видете на дополнителните фотографии.)

Ставаме во фрижидер на неколку часа убаво да ни се стегне тортата.

Потоа го отпревртуваме калапот на соодветна чинија.
Полеваме со глазура која сме ја подготвиле на следниов начин-чоколадото и слатката павлака ги соединуваме на тивок оган со постојани лесни мешања, без да проврие.Тргаме од оган, малку да здивни и полеваме.Можи дел да оставиме подполно да излади, па изматиме со миксер и дополнително украсиме, значи по желба.

Уживајте!