Експрес јогурт торта (без печење)
Еве еден рецепт кој нема да ви одземе многу време, а од вкусот ќе се изненадите.
Во длабок сад ги кршиме бисквитите на појадри парчиња.
На оган се растопува шеќерот во јогуртот и се промешува убаво.
Се полеваат бисквитите и смесата се изедначува.
Се зема калап за торта и му се отстранува дното.
Само страничниот дел се поставува на дискус и се полни од смесата која ја подготвивме претходно.
Откако ќе ја префрлиме половина смеса, редиме цел ред од сецкани банани, па го доставаме останатиот дел од смесата.
Така потготвеното се остава во фрижидер да се стврдне.
Потоа пополека се отстранува калапот, а тортата одозгора се премачкува со шлаг кремот.
Декорирајте со банана.
Забелешка.
Немојте да ја месите смесата со рака, оти ќе ви стане кашесто. Само промешајте благо со дрвена лажица.
Тортата служете ја ладна.
Има прекрасен вкус. На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
додека ги прегледувавме Рецептите на Денот за Април, видовме дека коментарот кај твојот рецепт никаде го нема - иако се наоѓа во Рецепти на денот :)
Се извинуваме.
Задоцнето, но овој рецепт е Рецепт на денот за 07.04.2014 и учествува во изборот за Рецепти на месецот Април 2014. Честитки!