Експрес јогурт торта (без печење)
Состојки
- 800 гр бисквити
- 900 мл јогурт
- 400 гр шеќер
- 1 кутивче шлаг крем полимарк
- 4 банани
Подготовка
Еве еден рецепт кој нема да ви одземе многу време, а од вкусот ќе се изненадите.
Во длабок сад ги кршиме бисквитите на појадри парчиња.
На оган се растопува шеќерот во јогуртот и се промешува убаво.
Се полеваат бисквитите и смесата се изедначува.
Се зема калап за торта и му се отстранува дното.
Само страничниот дел се поставува на дискус и се полни од смесата која ја подготвивме претходно.
Откако ќе ја префрлиме половина смеса, редиме цел ред од сецкани банани, па го доставаме останатиот дел од смесата.
Така потготвеното се остава во фрижидер да се стврдне.
Потоа пополека се отстранува калапот, а тортата одозгора се премачкува со шлаг кремот.
Декорирајте со банана.
Забелешка.
Немојте да ја месите смесата со рака, оти ќе ви стане кашесто. Само промешајте благо со дрвена лажица.
Тортата служете ја ладна.
Има прекрасен вкус. На здравје.