Торта за сите сетила
Тортата си ја креирав сама, за своја душа.
Имав за трошење путер од кикиритки, мелено орео и шалг крем.
Ја нареков вака бидејќи вкусовите во целина ја направија луууудило! А тоа го потврдија сите кои ја пробаа. : )
1. Се матат шлаг кремовите со водата и се делат на 3 дела.
2. Во првиот се додаваат мелените орео и се рапосредува на малку намрсен газер од калап на откопчување бр 24
3. Во вториот дел се миксира путерот од кикиритки и со шпатула се меша гранолата.
Се распоредува врз првиот слој.
4. Во третиот се меша алми кремот и се става врз вториот слој.
5. Убаво се израмнува и се попрскува и шара со чоколадниот прелив.
6. Тортата се остава во фрижидер преку ноќ и потоа може да се служи.
Верувајте ми летна инстантно, се бараше парче плус, дури и од мрчаторите кога се работи за благо : )
Лиценца: Сите права се задржани
Баш лудило :-)
ви благодарам од срце за вашите прекрасни коментари. многу ми е мило што вака по опис баш убаво сте ја доловиле нејзината вкусотија. едноставно и буквално уживавме сите во секој залак :)