Испечати

Торта за сите сетила

Торта за сите сетила

Состојки

  • 4 пакетчиња прашок за чоколаден шлаг крем
  • 450 мл газирана вода
  • 300 гр мелени орео колачи без фил
  • 200 гр кранчи путер од кикиритки
  • 50 гр мелена гранола со јатки
  • 300 гр чоколаден крем (користев алми)
  • по потреба чокола прелив

Подготовка

Тортата си ја креирав сама, за своја душа.
Имав за трошење путер од кикиритки, мелено орео и шалг крем.
Ја нареков вака бидејќи вкусовите во целина ја направија луууудило! А тоа го потврдија сите кои ја пробаа. : )

1. Се матат шлаг кремовите со водата и се делат на 3 дела.

2. Во првиот се додаваат мелените орео и се рапосредува на малку намрсен газер од калап на откопчување бр 24

3. Во вториот дел се миксира путерот од кикиритки и со шпатула се меша гранолата.
Се распоредува врз првиот слој.

4. Во третиот се меша алми кремот и се става врз вториот слој.

5. Убаво се израмнува и се попрскува и шара со чоколадниот прелив.

6. Тортата се остава во фрижидер преку ноќ и потоа може да се служи.

Верувајте ми летна инстантно, се бараше парче плус, дури и од мрчаторите кога се работи за благо : )