Подготовка на ПАНДИШПАНИТЕ (секој пооделно)
1.Се матат прво белките со шеќерот па потоа се додаваат сите останати состојки
2. Се печат корите во плех од рерната врз хартија за печење на 180 С

Фил КАРАМЕЛА
1. Во тенџере на огин се става шеќерот да се растопи - карамелизира па во него се додава млекото и се меша се додека не се растопи целосно карамелизираниот шеќер
2. Настрана се матат жолчките и во нив се додава брашното и тоа се додава во млекото и се вари крем
3. На крај се додава белото чоколадо да се растопи во врелиот крем
4. Откако ќе се излади кремот, во него се додава претходно изматениот путер

Фил ВАНИЛА
1. Млекото и шеќерот се ставаат да зовријат
2. Пудингот разматен во дел од млекото и разматените жолчки се соединуваат и се додаваат во врелото млеко , па се вари крем. На крајот се додава во кремот белото чоколадо и ванилите да се растопат.
3. Откако кремот ќе се излади, во него се додава претходно изматениот путер

фил ЧОКОЛАДЕН
1. Јајцето, жолчките и шеќерот се матат со миксер и се ставаат на пареа да се свари крем
2. Млекото, разматените пудинзи и 5 лажици шеќер се варат посебно. На крајот во врелиот пудинг се додаваат сварениот крем од жолчки и чоколадото да се соединат
3. Откако овој крем ќе се излади се додава во него претходно изматениот путер

Тортата се реди >
1 пандишпан
фил КАРАМЕЛА
2 пандишпан
фил ВАНИЛА
3 пандишпан
фил ЧОКОЛАДЕН
декорација по желба (јас ставив фондан )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани