Ова е годинашната роденденска торта за 19 от роденден на мојата Емче која го прослави во јуни. Превкусна торта која плени со првиот залак. Сочна, кремаста, свежа и моќна во секој поглед. 1. Се прави во округол плех бр26. 2. Се прави бисквитот. Се матат белките заедно со шеќерот до одредена цврстина. Се додаваат мелените бисквити, оревите, брашното и пецивото. Се меша со шпатула и се става 1 лажица сок од лимон. 3. Се печи на 180С-25мин. 4. Се прават уште 2 бисквита.(Значи вкупно 3 теста) Фил 1 18 жолчки се бијат со шеќерот. Се додава нишестето и се вари со млекото акко пудинг. Се остава да се олади. Фил 2 Се мати маргаринот и шеќерот пенесто и се додаваат мелените ореви и мелените бисквити. На крајот се ренда смрзнатиот портокал и тој се додава во филот. Двата фила се соединуваат и во него се додава рендано чоколадо. Начин- 1 Кора се попрскува обилно со сок од портокал. Врз него се додава третина од филот. Потоа се реди втората кора па пак фил..... Се завршува со шлаг. ПС-Втората кора изгледа потемна зошто заборавив да ставам 2 лажици брашно и затоа двои од другите две. Девојчето прво го нацртав на хартија ставив најлон и врз него го поминав со растопена чоколада и стапче на ражниче. На здравје!!!