Торта Бели ангели
Со ова торта ве честам за мојот стоти рецепт.
Во длабок сад ги матиме белките со шеќерот во цврст снег.
Потоа со лажица ги додаваме лешниците матиме да се соедини смесата. Печеме во претходна загреена релна на 220 степени. Постапката ја повторуваме со преостанатите две кори.
Подготовка на филот.
Жолчките ги матиме со 10 лаж шеќер. и ги вариме на пареа да се згустат околу 15 минути на пониска тмпература. Оставаме да се изладат. Половина и повеќе од млекото оставаме да се зоврие со 5 лажици шеќер.
Во другиот дел ги раствараме пудингот и густинот. Додаваме во врелото млеко и вариме густ крем. Кремот го оставаме да се олади. Одозгора ставете најлонска фолија или почесто промешувајте да не фати коричка кремот.
Маргаринот го матиме со шеќер во прав, во него постепено ги додаваме двата оладени фила. Добиениот крем го делиме на два дела во едниот додаваме стопена на пара бела чоколада, во другиот стопена црна чоколада и сецкани ореви.
За филот со шлаг.
Во 300 мл млеко ги матиме трите шлага во цврст крем. За филување, кора, фил со бела чоколада, кора фил со црна чоколада, кора фил со шлаг.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Многу убава торта... :)
твоите торти секогаш имале најголема популарност на моирецепти.мк, а и со својот 100-ти рецепт уште еднаш покажуваш дека дури и со секојдневни состојки, може да се подготви раскошна торта во својата кујна.
Во периодот од повеќе од една година, откако си член на оваа страница, споделуваш и рецепти кои се често едноставни за подготовка, но многу ефектни и имаат голема популарност. Ние сме особено среќни и за тоа што се потруди да го подобриш квалитетот на фотографиите на своите рецепти, за да може уште подобро да бидат прикажани.
Како благодарност за твојот труд, ти подаруваме Делимано Фестиво електрична тава. Честитки!
Честитки за твојот јубилеен 100-ти рецепт и уште многу,многу во иднина.
Оваа торта е прекрасна!!!
Поздрав
А тортата, многу убава :)
Миленче, честитки за 100от рецепт! За мене ти не си само синоним за успешни, вкусни и интересни торти, ами во тој стил те пронаоѓам и во полето на месените работи. Секогаш имаш по некое изненадување, специфичност со скоро секој нов рецепт. Ти посакувам да ни споделуваш уште многу вкусни и интересни рецепти како и до сега!