Испечати

Торта Бели ангели

Торта Бели ангели

Состојки

  • за кора 1,2,3
  • 5 белки
  • 10 лаж шеќер
  • 5 лаж лешници може и ореви
  • 1 лаж брашно
  • за крем
  • 15 жолчки
  • 10 лаж шекер
  • 1 маргарин
  • 250 гр шекер во прав
  • 2 пудинга од ванилу
  • 5 лаж густин
  • 1л млеко
  • 5 лаж шекер
  • 300 гр црно чоколадо
  • 300 гр бело чоколадо
  • 100 гр сецкани лешници или ореви
  • фил 2
  • 300 мл млеко
  • 2 панувања шлаг пена
  • 1 пакување шлаг со вкус на ванила

Подготовка

Со ова торта ве честам за мојот стоти рецепт.

Во длабок сад ги матиме белките со шеќерот во цврст снег.
Потоа со лажица ги додаваме лешниците матиме да се соедини смесата. Печеме во претходна загреена релна на 220 степени. Постапката ја повторуваме со преостанатите две кори.

Подготовка на филот.
Жолчките ги матиме со 10 лаж шеќер. и ги вариме на пареа да се згустат околу 15 минути на пониска тмпература. Оставаме да се изладат. Половина и повеќе од млекото оставаме да се зоврие со 5 лажици шеќер.
Во другиот дел ги раствараме пудингот и густинот. Додаваме во врелото млеко и вариме густ крем. Кремот го оставаме да се олади. Одозгора ставете најлонска фолија или почесто промешувајте да не фати коричка кремот.
Маргаринот го матиме со шеќер во прав, во него постепено ги додаваме двата оладени фила. Добиениот крем го делиме на два дела во едниот додаваме стопена на пара бела чоколада, во другиот стопена црна чоколада и сецкани ореви.

За филот со шлаг.
Во 300 мл млеко ги матиме трите шлага во цврст крем. За филување, кора, фил со бела чоколада, кора фил со црна чоколада, кора фил со шлаг.