Во еден сад изматете ги јајцата, млекото и зачините по вкус.
Земете кружна модла или чаша и со неа извадете кругови од средината на 8 тост лепчиња.
Плехот обложете го со пек хартија и наредете ги целите парчиња тост леб предходно намакани во смесата со јајца.
Врз нив ставете по едно парче шунка и малку од ренданиот кашкавал.
Натопете ги издлабените парчиња тост леб и со нив поклопете ги оние во плехот за да добиете форми на сендвичи.
Врз секој сендвич во длабнатината скршете по едно помало јајце. Во мојот случај има по 2 јајца од препелица.
Печете во загреана рерна на 200 Ц се додека не се испечат јајцата.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови