9
јун
2012
Лиснати сендвичи
На почетокот, двете кори лиснато тесто ги расукуваме, само малце (јас секоја кора ја сечам на 12 парчиња)
На половината од парчињата ставаме од филот (види слика)
Другите 12 парчиња ги расекуваме со алатката за сечење мрежички. (слика)
Парчињата на кои има фил ги премачкуваме со јајце (по крајот, околу филот) и го ставаме одозгора парчето исечено како мрежичка.
По краевите пак го премачкуваме со јајце и му лепиме сечкани бадеми, лешници или ореви.
Одозгора пак ги премачкуваме со јајце.
Ги печиме на 200 Ц се додека добро не се заруменат.
За филот, јас ставив обарена исецкана коприва, 1 јајце и сирење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
fala vi na site :)
хах, колку сум скржаво расположена денес :)))
јас веќе ги замислив со пудинг од ванила и домашен прелив(сируп) од вишни. оф оф оф (си го гали мешето) :) :) :) :)
понекогаш глумам дека сум нормална. ми здосадува, па си се враќам на старо :) :) :) :)