Испечати

Лиснати сендвичи

Лиснати сендвичи

Состојки

  • 1 кг лиснато тесто
  • 2 јајца (едно за во филот, другото за премачкување)
  • 200 гр спанаќ, коприва, блитва...по избор
  • 100 гр сирење

Подготовка

На почетокот, двете кори лиснато тесто ги расукуваме, само малце (јас секоја кора ја сечам на 12 парчиња)
На половината од парчињата ставаме од филот (види слика)
Другите 12 парчиња ги расекуваме со алатката за сечење мрежички. (слика)
Парчињата на кои има фил ги премачкуваме со јајце (по крајот, околу филот) и го ставаме одозгора парчето исечено како мрежичка.
По краевите пак го премачкуваме со јајце и му лепиме сечкани бадеми, лешници или ореви.
Одозгора пак ги премачкуваме со јајце.
Ги печиме на 200 Ц се додека добро не се заруменат.
За филот, јас ставив обарена исецкана коприва, 1 јајце и сирење.