Печени сендвичи
Со ова тесто импровизирав овојпат ,и резултатот беше одличен.Сендвичите беа меки како памук а тестото многу вкусно.Пред да го замесиме тестото го растопуваме маргаринот и чекаме малку да истине.Квасецот го раствораме во мал дел од топлото млеко што ни е потребно за месење.Го сееме брашното во садот за месење,правиме кратер на средина.Замесуваме тесто од потребните состојки.Оставаме тестото да стаса околу 30 минути.Кога е стасано расукуваме кора посипувајки ја работната површина со брашно да не ни се залепи тестото.Дебелината на кората треба да биде околу 3-5 мм.Кашкавалот го сечеме на парчиња големина по желба ,а шунката на кругчиња. Маслинките ги сечеме на долги тенки парченца.Сечеме по две кругчиња за секој сендвич ( големината на чашите е по ваш избор) .Ако ви се за свечени пригоди ( ви ги препорачувам за детски родендени и имендени ,замена за кифли) , може и со помала чаша ке изгледаат подекоративни. На секое кругче ставаме парче шунка и кашкавал одозгора го ставаме другото кругче од тестото ,и убаво притискаме од страните да се затворат сендвичите.Може и со вилушка или со прстите.Ги премачкуваме со жолчката и зејтинот, посипуваме со сусам и ги декорираме со маслинките.Оставаме околу десетина минути да стасаат убаво и ги печеме на 200 степени околу 30 минути.Кога се печени ги покриваме со крпа да се задушат и да омекнат. Иако ги правев за првпат беа многу вкусни .и ги снема за час.Тројца сме си дома ама за јадење месени работи вредиме барем за пет.Останаа само неколку за нареден ден.Ви ги препорачувам да ги пробате.Ви посакувам добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
Само сакав да те прашам,ако користам брашно тип 850 валда нема да има разлика,ха?Бидејќи со тоа месиме леб,а супер излегува,сигурно не би требало да има некоја огромна разлика?!
Е сега во малопродажба не знам дали го има,ние купуваме цела вреќа.
mnogu mnogu ubava se iznajadofme... i sriname ja bendisa mnogu .. a mazotmi e ne vi kazvam duri da se vratam od ucilisteto gi zemaf decata mi ja izede vistina vi velam ke klavav druga slika nemozef da napravam oti mi go izede... samo polonja recepta napraviv za drug pat celata ..
Многу убави сендвичи Светле. Овие точно ко за мене ;) И мене како Лили ми се допагаат како се наредени маслинчињата одозгора. Одлични на изглед а сигурна сум и на вкус.