Испечати

Печени сендвичи

Печени сендвичи

Состојки

  • тесто
  • 550 грама брашно тип 400
  • 40 грама свеж квасец
  • 2 јајца
  • 300 мл млеко
  • 1/4 кристал маргарин
  • 1 лажичка ким
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • фил
  • 400- 500 грама шунка
  • 400 - 500 грама кашкавал
  • декорација
  • 10 - 20 грама сусам
  • 1 жолчка
  • 1 лажичка зејтин
  • 150 грама маслинки ( со или без семка)

Подготовка

Со ова тесто импровизирав овојпат ,и резултатот беше одличен.Сендвичите беа меки како памук а тестото многу вкусно.Пред да го замесиме тестото го растопуваме маргаринот и чекаме малку да истине.Квасецот го раствораме во мал дел од топлото млеко што ни е потребно за месење.Го сееме брашното во садот за месење,правиме кратер на средина.Замесуваме тесто од потребните состојки.Оставаме тестото да стаса околу 30 минути.Кога е стасано расукуваме кора посипувајки ја работната површина со брашно да не ни се залепи тестото.Дебелината на кората треба да биде околу 3-5 мм.Кашкавалот го сечеме на парчиња големина по желба ,а шунката на кругчиња. Маслинките ги сечеме на долги тенки парченца.Сечеме по две кругчиња за секој сендвич ( големината на чашите е по ваш избор) .Ако ви се за свечени пригоди ( ви ги препорачувам за детски родендени и имендени ,замена за кифли) , може и со помала чаша ке изгледаат подекоративни. На секое кругче ставаме парче шунка и кашкавал одозгора го ставаме другото кругче од тестото ,и убаво притискаме од страните да се затворат сендвичите.Може и со вилушка или со прстите.Ги премачкуваме со жолчката и зејтинот, посипуваме со сусам и ги декорираме со маслинките.Оставаме околу десетина минути да стасаат убаво и ги печеме на 200 степени околу 30 минути.Кога се печени ги покриваме со крпа да се задушат и да омекнат. Иако ги правев за првпат беа многу вкусни .и ги снема за час.Тројца сме си дома ама за јадење месени работи вредиме барем за пет.Останаа само неколку за нареден ден.Ви ги препорачувам да ги пробате.Ви посакувам добар апетит.