Топли лепчиња со крст “Hot cross buns”
Топли, слатки лепчиња со крст на врвот потекнуваат од Англија. Традиционално се прават во Велика Британија, Ирска, Австралија, Нов Зеланд и некои делови на Америка. Вкусни и ароматични, одличен предлог за вашата Велигденска трпеза.
1. Во длабок сад ставаме брашно , шеќер, цимет и мешавина од зачин. Промешуваме со лажица. Додаваме рендана кора од лимон. На едниот крај го ставаме квасецот, а на другиот солта. Го додаваме путерот и дел од млекото, замесуваме тесто. Го додаваме јајцето и месиме, постепено додавајќи го остатокот од млекото. Доколку ви е лепливо тестото, додадете уште малку брашно. Јас додадов уште 20 гр брашно. Тестото го ставаме на набрашнета работна површина, ги додаваме сувото грозје и брусницата, месиме . Форимираме топка, ја ставаме во длабок сад, покриваме со проѕирна фолија и крпа, оставаме час и половина тестото да нарасни.
2. После час и половина, тестото го ставаме на набрашнета работна површина, го премесуваме , формираме топка и повторно го оставаме да нарасне час и половина.
3. Тестото го делиме на 12 дела. Секој дел го месиме на набрашнета работна површина и формираме топче. На плех, обложен со хартија за печење, ги редиме, но блиску, за кога ќе нараснат да се спојат. Плехот го ставаме во голема кеса или обвиткуваме со фолија, но да не го допира тестото. Ги оставаме 40 минути да нараснат.
4. Со жица мешаме брашно и вода, за да нема грутчиња. Во најлонска кеса ја ставаме смесата, го пресекуваме врвот од кесата и врз секое лепче правиме крст. Печеме во загреана рерна на 190 степени, 20 – 25 минути.
5. Една лажица шеќер ставаме во мал сад на оган, заедно со една лажица вода, да се загре и стопи шеќерот. Веднаш штом ќе се извадат од рерна ги премачкуваме со шербетот.
6. Оставаме малку да се изладат. Се служат топли, пресечени на пола премачкани со путер.
Лиценца: Сите права се задржани
I jas imam spodeleno ovde recept
Vkusot im go obozavam