Видео рецепт: Топли овесни плочки со суво грозје
Има причина зошто луѓето го користат овој вид храна за да добијат енергија – преполн е со калории, но од време на време морате да ја задоволите Вашата стрв за слатки работи. Овој сладок рецепт е одличен со кафе, па дури и како извор на дополнителна енергија како дел од појадокот за денот да Ви почне со вистинска експлозија на енергија!
Состојки
- 200 грама путер
- 200 грама кафеав шеќер
- 200 грама мед
- 400 грама овес
- 50 грама суво грозје
Вид на оброк: Појадок
Комплексност: Лесно
Лица: 6
Време на подготовка: 30-60 мин.
Подготовка
Чекор 1: Земете голема Делимано тава за пржење и почнете да ги топите заедно путерот, медот и кафеавиот шеќер. Нема да се преправаме дека ова е здрав рецепт, па затоа одвојте малку време и уживајте во гледањето на овие прекрасни богати состојки како се спојуваат на огнот.
Чекор 2: Кога медот, путерот и шеќерот ќе создадат мазна смеса, време е да го исклучите огнот и во неа да ги ставите овесот и сувото грозје. Мешајте неколку минути додека да се уверите дека овесот е рамномерно покриен со слатката смеса, и можеме да го подготвиме за во рерна.
Чекор 3: Смесата ја печеме во округлата Делимано тава за печење. Сипете ја смесата и рамномерно распоредете ја до самиот раб. Ставете ја во рерна на температура од 180 степени 15 до 18 минути додека да забележите како се појавува златна боја околу работ на тавата.
Извадете ја тавата од рерна и оставете ја да се излади пред сервирањето.
Чекор 4: Време е за сервирање: Овде плочките ги сервираме како топол колач и ставаме едно парче на чинијата.
А за крај ставаме и сладолед и стопено чоколадо.
СОВЕТ: Овој рецепт можете да го сервирате студен и во него да уживате со пријателите на кафе, или пак топол како десерт со сладолед. А зошто да не ставите и парчиња чоколадо или суво овошје во смесата? Овесот лесно се наоѓа во продавница и претставува добар извор на енергија.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење ; Сет тави за пица