Здрави енергетски плочки со мед,урми и овесни снегулки
Еден од најдобрите начини да се засладите се вкусните урми. Овие енергетски плочки ќе ви ја обезбедат потребната енергија во текот на денот додека учите, работите и се полни со здрави јагленохидрати.
Доколку се посуви урмите натопете ги со вода и така оставете ги 10на минути, па исцедете ги. Моите беа свежи и немаше потреба воопшто од потопување.
Овесните снегулки потпечете ги. Јас тоа го правев во суво тенџерче, но можи и во рерна загреана на 180С околку 15на минути. Потпекувањето можи и да се прескочи доколку не ви се сака. И на бадемите е потребно потпекување за да дадат поубав вкус. Тие можи да ги потпечите заедно со снегулките за да заштедите време. Мој совет е дека е многу поубаво и снегулките и бадемите да се потпечат. Дел од бадемите исецкајте или истолчете, а дел ако сакате оставете цели.
Урмите изблендирајте ги. По желба можи да се додаде и некое друго суво овошје. Стевете ги во длабок сад. Во нив додадете ги бадемите и овесните снегулки.
Во друг сад на рингла ставете ги медот и путерот од кикиритки да се растопат на ниска температура. Така растопени додајте ги во садот со урмите и добро измешајте се да се соедини.
Доколку користите шолја од 250 мл, тогаш би требало да е доволен сад 20х20 да обложите со пек хатрија или стреч фолија, или пак, едноставно да го намастите пред да ја истурите смесата во него и убаво израмните.
Оставете некој час да се стегни, па потоа сечете штангли.
Јас дел од штанглите завиткав во стреч фолија, онака за мој мерак, да ми изгледаат како да се купени од лелбелиџилница. Многу и прашаа од каде сум ги купила хехе... Но, и така завиткани, доколку планирате да ги користите подолго време нема да се сушат во текот на стоењето.
Лиценца: Сите права се задржани
Направив еден пропуст. Ќе го исконтактирам и уредништвото... фали СУСАМОТ :) потпечен и тој исто така од моја препорака, 1/4 шолја, а секако кој милува можи и повеќе да си пристави.
Клара многу убави и корисен рецепт:)
Тање, не останаа, ами изминаа 2-3 недели откако ги правев, а штом се ослободам од обврските, веќе си имам стокмено состојки за нова тура, па повели... доколку не ме превари Вале и ги објави нејзините па на нив да се навртам :)
Благодарам девојки :)