Тиквата се лупи и се ренда на покрупната страна од рендето. Оревите се ставаат во тава и се пржат на една лажица маргарин.
Одкако ќе се подпржат кон тавата се додава тиквата и се динста околу 15 минути, се налева со млекото, се става и шеќерот, ванилата и циметот и се пропржува додека испари течноста. Се остава да се олади, а потоа се филуваат корите.
Се зема една кора и се попрскува со зејтин. Над неа се става втората кора и со лажица се нанесува филот. Се витка ролат и се реди во подмачкан плех. Така се постапува со сите кори, па одкако ќе се наполни плехот питата се сече и се прелива си зејтин,  па се пече. Печена може да се посипе со шеќер замирисан со ванила.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови