Гол тиквеник
Превкусно,
1. Излупете ја тиквата, исечете на коцки, ставете во тенџере и залијте ја со вода колку дното на тенџерето да се покрие, додајте го маргаринот и половината од шеќерот и ставете на тивко нека се вари или подпекува околу 15 мин.
2. Префрлете ја тиквата во модлата која сте ја одбрале за овој десерт, ставете во рерна нека се подпекува уште 15 мин.
3. Додека тиквата се подпекува, изматете ги со миксер јајцата со преостанатиот шеќер, во сматената смеса додајте го млекото и брашното во кое е измешан циметот.
4. Ивадете ја модлата од рерна, залијте со припреманата залевка, вратете во рерната да се допече.
5. Почекајте да се олади, посипете со прав шеќер и цимет, над нив полејте малку мед и кафен шеќер. Потоа вам ви преостанува само да уживате во овој десерт, особено кој е љубител на тиква.
НАПОМЕНА
1 чаша = 200 мл.
Во ваквата варијанта спремање на тиквеник јас честопати додавам во сматената залевка и веќе сварен ал-денте ориз, тој ќе се довари додека се пече, исто така многу вкусно.
Лиценца: Сите права се задржани
Mi se dopaga receptot i ovoj i toj na Klara i sigurno ke gi probam i dvata zosto ke imam dovolno vreme sezonata sega pocnuva pozz:)