Испечати

Тиквеник со готови кори

Тиквеник со готови кори

Состојки

  • 500гр кори за пита
  • 1кг тиква
  • 1чаша (200мл) млеко (кој сака посно може сок од портокал)
  • 200гр шеќер
  • 150гр сецкани ореви
  • 1лажичка цимет
  • 2 ванили
  • 150 мл зејтин
  • 50гр маргарин

Подготовка

Тиквата се лупи и се ренда на покрупната страна од рендето. Оревите се ставаат во тава и се пржат на една лажица маргарин.
Одкако ќе се подпржат кон тавата се додава тиквата и се динста околу 15 минути, се налева со млекото, се става и шеќерот, ванилата и циметот и се пропржува додека испари течноста. Се остава да се олади, а потоа се филуваат корите.
Се зема една кора и се попрскува со зејтин. Над неа се става втората кора и со лажица се нанесува филот. Се витка ролат и се реди во подмачкан плех. Така се постапува со сите кори, па одкако ќе се наполни плехот питата се сече и се прелива си зејтин,  па се пече. Печена може да се посипе со шеќер замирисан со ванила.