Телешко месо во сос од кола сок
Ова јадење е наменето да се подготвува во сад за бавно готвење како што е Гурмет пекачот. Јас немам, па го подготвувам во сад со капак во рерна. Ќе ги напишам и двата начини на подготовка, а вие правете според условите.... И покрај необичните состојки во сосот, испага неверојатно вкусно, а месото многу, многу меко.
Месото посолете го и побиберете го по ваш вкус. Ставете го во тава со капак која може да оди во рерна или во Гурмет пекачот.
Во еден мал сад измешајте ги сите состојки за сосот, па прелијте преку месото. Печете во загреана рерна покриено, на 160 Ц 1 1/2 до 2 часа, или гответе го во Гурмет пекачот на бавно готвење исто толку време.
Морковите исечете ги на подебели кругови, кромидот на покрупни резанки. Чешнината лук оставете ги цели.
Додајте ги во пекачот или во садот во кој печите околу месото. Измешајте ги во сосот, превртете го месото.
Печете на истата температура или продолжите да готвите на бавно уште 1 1/2 до 2 часа или додека месото сосема не омекни и не се создаде густ сос со убава боја.
Дотерајте го вкусот.
Послужете со компир пире, со сварени тестенини или со прилог по ваша желба.
Се надевам ќе ви се допадне....
Лиценца: Сите права се задржани
Честитки!
Ve pozdravuvam site :)
Jas denes Lilin ova go gotvev i mnogu mi se dopadna ,mesoto e mnogu socno i vkusno navistina.Se izvinuvam za losiot kvalitet na slikata ama pred malku ja slikav mrak me fati a i plus ne ni se cekase gladni bevme .