12
фев
2014
Посна тава ориз со туна
На малку масло кратко пропржете го сецканиот кромид. Додајте го рендан морковот, пропржете пак кратко, па додајте го оризот пржејќи го и него уште 2-3 мин. Се додаваат и 2те конзерви туна.
Додадете ја водата и доматниот сос, зачинете, па додадете го лимоновиот сок и ловоровите ливчиња.
Печете во загреана рерна на 220-230Ц околу половина час, односно додека течноста на испари.
Послужете со свежа салата или туршија.
* Користена чаша од 250 мл
Лиценца: Сите права се задржани
Теофанија, какво лутење, далеку таква работа. Напротив, ти благодарам што го примети пропустот :) се надевам дека уредниците ќе корегираат благовремено.
Ruceceto za merak e! :)