Посна тава ориз со туна
Состојки
- 1 чаша ориз
- 3 и пол чаши вода
- 1/2 чаша доматен сос
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 1 лажица лимонов сок
- по вкус црн бибер, мешан сув зачин, оригано
- 2-3 ловоров лист
- 2 конзерви туна
Подготовка
На малку масло кратко пропржете го сецканиот кромид. Додајте го рендан морковот, пропржете пак кратко, па додајте го оризот пржејќи го и него уште 2-3 мин. Се додаваат и 2те конзерви туна.
Додадете ја водата и доматниот сос, зачинете, па додадете го лимоновиот сок и ловоровите ливчиња.
Печете во загреана рерна на 220-230Ц околу половина час, односно додека течноста на испари.
Послужете со свежа салата или туршија.
* Користена чаша од 250 мл