Сучена баклава
Од состојките за тесто се замесува меко тесто кое не се лепи за рацете. Се дели на 35 топчиња.
На тивок оган се загрева маслото со путерот, додека путерот не се растопи.
Оревите, или јаткастото овошjе по ваша желба, се толчи и се помешува со 7 лажици шеќер.
Секое од топчињата се расукува во кора со пречник околу 15 цм, се посипува со 1 лажичка нишесте, па се редат една врз друга, во 7 групи по 5.
Плехот од шпоретот за печење се намастува.
Се зема едно купче од 5 кори и со сукало се сучи во една многу тенка кора. Се попрскува со стопената мешавина масло - путер. Две спротивни страни се преклопуваат една кон друга, да се спојат некаде на стредината (не да се преклопат). Повторно се попрскува со масло. Другите две спротивни страни се отсекуваат со остар нож да дојде кората во ширина на плехот и отсечените краеви се ставаат над расучената кора, било каде.
Филот се дели на 7 дела. Еден дел се става на едниот крај на кората (каде е преклопена и се витка како лабав ролат. Се става во плехот.
Истата постапка се повторува со преостанатите купчина кори.
Се загрева рерната на 200Ц.
Се сечи баклавата на парчина по ваша желба.
Маслото и путерот за прелевање на баклавата добро се загреваат. Жешко се прелева преку баклавата, со лажица, на местата каде е засечена баклавата. Така корите подобро ќе се дигнат и разлистаат.
Се става плехот во рерна и веднаш се намалува температурата на 190 Ц. Се печи петнаесетина минути, кога ќе почни да зажолтува, се намалува температурата на 170 Ц, а потоа и уште на 150Ц ако е потребно, за вкупното време на печење да биде 1 час, а на крај баклавата да биде златно жолта по боја.
Се остава комплетно да се олади. Уште подобро е ако се направи и испечи 1 - 2 дена претходно.
На силен оган се става шеќерот со водата да зоврие. Кога ќе се изгуби пената, по 1-2 мин. се цеди сокот од лимон во шербетот, се проварува на среден оган неколку минути и со топлиот шербет се прелева ладната баклава, постепено, со лажица, не да пливни баклавата одеднаш. Се остава на собна температура преку ноќ за да се впие шербетот.
После се чува во фрижидер.
Овој рецепт го должам на Јуле еве повеке од месец дена.... Можеби со него ќе ја навлечам да не дружи повторно....
Правам јас и баклава од готови кори, ама со сучена, ништо не се споредува...
Лиценца: Сите права се задржани
Ne e tolku tesko kako sto izgleda. Tenko sukalo e obavezno, so oklagija ova ne mozi, i na sucenje:)))))
Diana, prasuvaj se sto ne sum objasnila dovolno :)
ima nekoj zborovi sto mene ne mi se glasni oti vije tamu zborvate pobasa :)
jas sum od seloto nie pobaska zborvame hehehe .. treba da sednam sama i da ja procitam pokroce i ke tikazam sto treba da mi objasnis .. fala ti i pozdrav
cestitki za rd i pozz:)