1.Во длабок сад се ставаат брашното, маслото, киселата вода, киселината, пецивото и јајцата (не мора за посна варијанта) и се меси. Тестото се одмора 15мин.
2. Се дели тестото на 80 топчиња. Секое топче се сучи колку една тацна за кафе и се увалкува во нишесте од двете страни. Така се прават со сите 40 топчиња кои се ставаат едно врз друго. Се тргаат настрана и исто се прави со другите топчиња кои се сучат и ставаат едно врз друго. Значи треба секое топче кога се сучи обилно од двете страни да се увалка со нишесте. Скоро двете пакетчиња да се потрошат сучејки ги топчињата.
3. Може да се направат 84 топчиња и да се поделат по 28 топчиња кои се сучат во голема кора и филот ке дојде на два реда. Значи 28 топчиња- фил 28 топчиња фил и 28 топчиња.Но јас ги направив со 40 топчиња- фил 40 топчиња.
4. Тепсијата не се премачкува со ништо .Се сучи една поголема кора од топчињата колку плехот да биде и се става во плехот. Врз кората се ставаат толчените ореви и потоа пак другата сучена голема кора.
5.Се сечи баклавата и се полива со 750мл масло.
6.Се печи во загреана рерна на 200С и се печи до убава посакувана боја на баклавата. Потоа се намалува на 120С и се печи 1 час.
7.Се вади баклавата и се полива со шербет.
8.Шербет- Се варат водата и шеќерот 15мин откако ќе зоврие. Се става 1 цеден лимон и се полива ладната баклава. Наздравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани