Супер пита со пченкарно брашно и сирење
Се зема една кора и се напрскува со зејтин и над неа се реди втората кора која се премачкува со фил. Над неа се реди уште една кора и таа се мачка со фил, а потоа се рола без притискање за да не истече филот. Така се прави со сите кори и се добиваат 4-5 ролати во зависност од дебелината на корите.
Ролатите се редат во подмачкан плех и се печат во загреана рерна на 200 степени. Пред да се стават во рерна се попрскуваат со зејтин и се сечат на парчиња по желба
Фил
Јајцата се матат со зејтинот, јогуртот, брашното и пецивото, па на крај се додава и сирењето. По вкус во зависност од соленоста на сирењето се додава сол.
Питата ја правев по рецепт од една пријателка и многу е вкусна, па затоа решив да ја споделам и ја препорачуван на сите што се љубители на брзи и вкусни богати со фил пити. Пријатен апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Sanja mnogu e vkusna duri i nie se iznenadivme zatoa sto moive koga se raboti za gotovi kori negoduvaat poveke se za domasni tegnati pozz:)
Slicna na pitite od ovoj tip so griz sto se pravat, ama so mnogu poveke vkus koj go dava pcenkarnoto brasno.
Na site vi go preporacuvam receptot :)
мора да ти кажеме дека пријатно се изненадивме од твојата главна фотографија - убав агол, светла, убава позадина :)
И потписот е убав и потенок - ама се прашуваме зошто го има 2 пати :) А секако би требало да е уште малку помал.
Ова би сакале да биде и порака до сите вас кои активно фотографирате и објавувате рецепти: Ве молиме, потписот на сликите не треба да го надвладее приказот на рецептите. Иако самите слики откако се објавени, автоматски добиваат и лого на МоиРецепти (кое на некој начин ги заштитува при употреба надвор од овде) - јасно е дека сакате да ги одбележите со свој потпис. Но, правилата за потписот се следни: не треба да биде поголем од половина од овие букви на Дани на денешниот рецепт, не треба да биде со задебелени букви, не со дречливи бои и ве молиме да не биде поголемо уметничко дело од самиот рецепт.
Се надеваме дека овие наши сугестии ќе ги прифатите со разбирање, како и секогаш досега.
Ви благодариме, МоиРецепти
Potpisot ne e problem moze i da e ednas a moze i niednas zatoa sto jas gi pisuvam receptite vo koi sum sigurna i gi pravam cesto.Vasite a i nasi sugestii ni se potrebni obostrano za napredok na stranicava sto e ocigledno i me raduva sto ima golem broj na novi clenovi i novi receptI.
Bidete mi pozdraveni:)