Испечати

Супер пита со пченкарно брашно и сирење

Супер пита со пченкарно брашно и сирење

Состојки

  • 500гр кори за пита
  • 300гр сирење
  • 1чаша(250мл) јогурт или кисело млеко
  • 200мл зејтин
  • 1чаша(250мл) пченкарно брашно
  • 1 пециво
  • 3 јајца
  • 1мал филџан зејтин(за попрскување на корите)

Подготовка

Се зема една кора и се напрскува со зејтин и над неа се реди втората кора која се премачкува со фил. Над неа се реди уште една кора и таа се мачка со фил, а потоа се рола без притискање за да не истече филот. Така се прави со сите кори и се добиваат 4-5 ролати во зависност од дебелината на корите.
Ролатите се редат во подмачкан плех и се печат во загреана рерна на 200 степени. Пред да се стават во рерна се попрскуваат со зејтин и се сечат на парчиња по желба

Фил
Јајцата се матат со зејтинот, јогуртот, брашното и пецивото, па на крај се додава и сирењето. По вкус во зависност од соленоста на сирењето се додава сол.

Питата ја правев по рецепт од една пријателка и многу е вкусна, па затоа решив да ја споделам и ја препорачуван на сите што се љубители на брзи и вкусни богати со фил пити. Пријатен апетит!