Јаболката излупете ги и исечете ги на коцки. Исцедете го сокот од лимонот и портокалот.
Ставете се во поголемо тенџере, додајте 300 мл вода и варете некои 10на минути, односно додека се сварат јаболката.
Тргнете од оган и испасирајте ја содржината. Додајте ја и преостанатата вода, ванилиниот шеќер и шеќерот и вратете го тенџерето пак на рингла.
Пред да проврие, додадете го гризот и енергично мешајте. Варете мешајќи додека убаво згусти.
Во тава наредете ги бисквитите и врз нив истурете ја содржината од тенџерето.
Оставете да се лади неколку часа, па исечете на коцки и уживајте во вкусот.
*користете чаша од 190-200 мл (зависно колку ќе дозволите да испари водата додека се варат јаболката)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани