Смрзната чоколадна торта
Изматете ги шлаг кремите со двете врсти млеко.
Чоколадото стопете го, па оставете малку да подолади.
За тоа време изматете го маргаринот со шеќерот и жолчките, па на крај додадете го стопеното чоколадо.
Смесата истурете ја во изматениот шлаг крем и измиксирајте да се соедини.
Додадете ги бисквитите искршени на парчиња. Убаво измешајте и излијте ја смесата во калап обложен со најлон фолија. Ставете ја во замрзнувач неколку часа или преку ноќ убаво да се стегни.
Потоа одозгора филовајте по желба.
- Овде е користен калап со големина 25х35. Можите во било каква форма на калап да ја формирате тортата (кружен, долгнавест-тесен, а повисок...)
- Тортата се чува во замрзнувач, лесно се сечи откако ќе се извади и се служи непосредно по вадењето.
- Ако сакате да ја чувате во обичен фрижидер, тогаш додадете и неколку лажици мелен плазма кекс.
- Овде, еден дел од бисквитите, експериментално, за проба се кафеави. Тоа дека пред мрзнењето како да имаше посветла боја...па, сметајте дека со светли бисквити, би дошла пошарена на изглед.
- И кога сме кај сметањето, сметајте ја како некој вид полусладолед торта *_* одлична за летните денови.
Брза, лесна, чоколадна и без печење *_*
Лиценца: Сите права се задржани