За подготовка на овој рецепт ви е потребно малку време,свежи смокви знам дека се тотално вон сезона моиве се од замрзнувач кои ги ставам за подготовка на штрудлички и други рецепти со смокви како и за овие преубави мафини.
Подготовка.
1. Сите суви состојки ги мешаме во пластичен сад. Киселата вода и маслото постепено ги додаваме и мешаме со маталка(рачно). Смесата треба да ни биде мазна и малку по густа од смеса за палачинки, значи доколку ви е погуста слободно додадете вода.

2. Во силиконскиот калап предходно намрсен со помош на силиконска четка ставаме по една смоква и налеваме од смесата колку да се прекрие смоквата(не ги полнете мафините до крај).

3. Печеме на 180степени околу половина час. Ги вадиме мафините оставаме да се оладат и ги полеваме со глазура од растопена чоколада на пареа со малку масло.
Декорираме со јаткасти плодови(ореви,лешници,бадеми).
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани