13
авг
2015
Чоколадни мафини со пченкарно брашно (посно)
На прагот на Богородичните пости го споделувам овој посен и лесен рецепт. Од оваа смеса се добиваат не многу слатки мафини, доколку сакате да ви бидат поблаги додадете си шеќер во нив.
Подготовка
Сите состојки заедно со сечканото чоколадо се мешаат со миксер, а може и рачно. Се става дел од смесата во хартиени корпи кои сме ги наставале во калапот за мафини. Излегуваат точно 12 мафини.
Ги украсуваме по желба со кикирики, чоколадни солзи и шарени трошки. Ги посипуваме со кафеав шеќер. Ги печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути, зависи од јачината на рерната.
Лиценца: Сите права се задржани
Дани околу структурата , можеби би додала малку повеќе масло, некако не ми се одлепуваа од хартиените корпи, обично кога правам мафини, (иако е нормално така да се лепат), јас сакам лесно да се вадат од хартијата. Како што пишав не се нешто многу благи и имаат карактеристичен вкус од пченкарното брашно....пробајте ги , како за посни се одлични::)